Килијан Мбапе зад себе остави одлично Светско првенство, бидејќи со Франција стана првак, а воедно е прогласен и за најдобар млад играч. Сепак, сега се појавуваат информации дека на последните два натпревари не излегол сосема подготвен.
Ден пред неговата селекција да одигра полуфинале со Белгија, за време на туширањето направил погрешно движење кое можело да го чини многу, а триколорите да бидат со помали шанси за успех.

Како што наведува “Лекип”, додека се туширал направил нагло движење поради што добил силни болки во грбот, така што некако успеал да стигне до кревет и да ги повика докторите на репрезентацијата. Успеале да го оспособат за претстојните натпревари, иако сето тоа морале да го скријат од новинарите. За тоа време тој не одел на тренинг.
Сето тоа, сепак не го спречи во најважниот фудбалски натпревар и буквално блесна во вистинско светло па постигна и погодок со што сите надежи на огнените ги згасна.









![[ВИДЕО] Јутјуберот Поповиќ затекна малолетници како кршат детско игралиште во скопски Аеродром: „Дај ми број од твоите, јави им се одма и ќе дојде полиција“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/HqXxB-screenshot-7-218x150.png)








![[ВИДЕО] Сцена од грчка плажа – бугарски туристи и скара на песок](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/07/uBJ7W-screenshot-15-218x150.png)






![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)











