Промените во владиниот состав познати вечер по седницата на Извршниот комитет на владејачката ВМРО-ДПМНЕ

78

Промените што ќе ги донесе реконструкцијата на Владата се очекува да бидат објавени вечер по седницата на Извршниот комитет на на владеашката ВМРО-ДПМНЕ.

Во изјава за медиумите премиерот Мицкоски вчера нагласи дека за најавената реконструкција на Владата принципиелно има договор со коалициските партнери „Вреди“ и ЗНАМ, но оти персоналните решенија ќе бидат објавени вечер по седницата на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

– Да, ние не сме разговарале за персонални решенија, за имиња. Принципиелно имаме договор за ресорите. Јас во минатото кажав, додека не се заврши седницата на Извршниот комитет на партијата, нема да коментирам ниту ресори ниту имиња. Почекајте до утре, некаде до 20 часот, јавноста ќе биде детално запознаена – рече Мицкоски на новинарско прашање што е договорено со ЗНАМ и „Вреди“.

За промени во другите ешалони, Мицкоски рече дека со тие активности ќе се продолжи од септември.

-Овој месец е предвидена реконструкцијата на Владата, предвиден е ребалансот на буџетот и доколку има потреба, одредени седници, со кои ќе се донивелираат одредени реформски закони кои се потребни за реформската агенда. Потоа, колку што сум информиран, во август Собранието е на годишен одмор, така што продолжуваме од септември понатаму – рече Мицкоски.

Првиот вицепремиер и министер за европски прашања Беким Сали, кој од вчера престојува во дводневна официјална посета на Брисел, денеска ќе се сретне со еврокомесарката за проширување Марта Кос.

Според изјавата на актуелниот вицепремиер и министер за европски прашања Беким Сали, кој е генерален секретар на „Вреди“, дадена во неделата тие по владината реконструкција ќе раководат со шест министерства – за животна средина, економија, правда, евроинтеграции, култура и односи меѓу заедниците додека министерството за здравство не е дел од овој пакет.

Според Сали, две нови имиња ќе има во Министерството за култура и Министерството правда, а до неделата не беше дефинирано кои ќе бидат тие.

Лидерот на партијата „За наша Македонија“ (ЗНАМ), Максим Димитриевски денеска заблагодарувајќи се за добиените 10 илјади потписи, потенцираше дека довербата која што ја добил од граѓаните не

Лидерот на ЗНАМ Максим Димитриевски во неделата пред партиска трибина во Куманово изјави дека по владината реконструкција тие ќе раководат со две министерства, но оти денеска конечно ќе биде соопштено кој ресор на која политичка партија ќе и припадне.

– Вторник ќе биде конечен ден кога ќе бидат соопштени сите ресори, кој на која политичка партија припаѓа и како ќе бидат распределени. ЗНАМ ќе задржи две министерства и по овие преговори ќе излезе уште појак – рече Димитриевски.

Засега официјално се знае дека Арбен Фетаи, кој беше вицепремиер за добро владеење и кој поднесе оставка нема да биде дел од новата Влада., а според изјави и брифинзи на партиски претставници од владејачката коалиција најверојатно дел од новиот владин состав нема бидат и министрите за социјална политика, демографија и млади Фатмир Лимани, за здравство Азир Алиу, за култура Зоран Љутков. Со владината реконструкција, ќе биде опфатен и вицепремиерот и министер за односи меѓу заедниците, Иван Стоиљковиќ, кој вчера објави писмен отчет на неговиот фејсбук профил.

Премиерот Мицкоски неодамна во гостување на националниот сервис за реконструкцијата изјави дека таа не се прави само поради резултати кои се постигнати досега, туку и заради промена на приоритетите. Се уште, нагласи, не се знае дали реконструкцијата ќе биде во рамки на промена на една третина од составот или повеќе.

Предлогот за состав на Владата, според најавите, се очекува веднаш следниот ден да биде испратен до Собранието, а потоа согласно роковите да биде закажана и пленарна седница за нејзин избор. (МИА)