Студентите од студентскиот дом „Гоце Делчев” во храната пронашле игла, а за жал, ова не е прв пат да се соочуваат со мизеријата во студентските домови.
Студентите од овој студентски дом, од e-mail- от на редакцијата на Економски Лидер, испратија фотографија од ужасната храна која ја јадат.
Нажалост, оваа панцерота е само еден од многуте примери за тоа што јадат и како се хранат студентите во студентските домови.
Нашето секојдневие е игли и бубачки во храната, оброци со сомнителен квалитет, искршен мебел и влага, а топлата вода е вистинска реткост. Ова не се услови во кои студентите, а особено ние апсолвентите треба да учиме и пред се живееме. Сите лажни ветувања што ги добивавме пред почетокот на сместувањето очигледно биле само за да не прелажат и да ја искористат нашата доверба – велат студентите.
Студентите кои ни ја испратија фотографијата претходно биле сместувани во други домови, во Кузман и во Пелагонија, но како што кажуваат и претходно условите биле лоши, но тоа што го доживуваат во овој студентски дом е катастрофа и тоа на самиот старт на академската година.















![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)
























