Репрезентацијата на Македонија за ракометари до 18 години запиша голем успех и го освои ЕХФ шампионатот кој во изминатиот период се одржуваше во Рига, Летонија.
Во финалето ја победија Швајцарија со 24-22 и со тоа обезбедија место на следните ЕП 2024 за младинци и СП 2023 за кадети. По доделувањето на медалите, кадетската селекција имаше можност да ужива во нотите на македонската химна, која ја испеаја на цел глас.
Нашите ракометни надежи имаа перфектна групна фаза со три победи на три меча, а успешно си ги решија задачите и во нокаут-рундата.
Коментари