„Претседателот ме тераше на се*с – одбив, па ме избрка од клубот“

795

Долгогодишната српска репрезентативка Милица Дабовиќ во интервју за весникот „Ало“ откри дека во кошаркарската кариера често добивала непристојни понуди од страна на челниците на клубовите. Воедно, таа обелодени дека во една ситуација била избркана од клубот откако одбила една неморална понуда од претседателот.

„Се случувало да ми нудат многу пари за да минат една ноќ со мене. Тоа беше случај додека играв во Турција, а потоа и ме донесоа во еден грчки клуб само затоа што претседателот многу сакал да има секс со мене. Тоа никогаш не се случи, па после три месеци ме избркаа без да ми дадат ниту една плата. Среќна сум што никогаш не сум ги ширела нозете, ниту кога заработував по 20.000 евра, ниту кога немав ниту динар во џебот. Нема поголемо задоволство од тоа да одиш со крената глава, знаејќи дека образот ти е чист. Никогаш не се чувствував како „роба“ бидејќи никогаш не му дозволив на некого да ме купи“, изјави Дабовиќ за „Ало“.