Дел од корисниците од селата Бањани, Чучер и Сандево утре од 8 до 15 часот ќе останат без електрична енергија.
Во периодот од 8:40 до 14 часот утре без струја ќе бидат корисниците од улиците „Женичка“, „Коце Металец“, „Гемиџиска“, „Филип Филиповиќ“, „Ташко Караџа“, „Бапчор“, „Лазар Поп Трајков“, „Киро Глигоров“, „Габреж“ и СУГС Панче Арсовски во општина Гази Баба.
Без снабдување со струја од 10:15 до 13:14 часот ќе бидат корисниците од викендиците околу селото Кучково, општина Ѓорче Петров, а од 9 до 15 часот дел од корисниците од улицата „Рајко Жинзифов“ во општина Центар.
Од 8:50 до 16 часот без струја ќе останат корисниците од селата Живиње и Катлановска Сушица, општина Петровец.
Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, прекините се поради технички зафати во дистрибутивната мрежа.















![[ВИДЕО] Џиновската ракета на SpaceX за првпат кружеше околу Земјата: Снимките се спектакуларни](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/09/SYIjn-space-x-depositphotos-737795274-xl-218x150.webp)



















