Постојано кашлате, нозете ви се отечени, ви се гади? Предупредувачки знаци дека вашето срце не работи како што треба:

360

Истражувачкиот Центар за контрола и превенција на болести покажа дека околу 610.000 луѓе умираат секоја година од срцеви болести, само во САД. Мажите и жените имаат подеднакви предиспозиции за болести на срцето, меѓутоа, постојат многу знаци кои се предупредувачки и корисни за да на време превземете превенција. Погледнете кои се најчестите 8 знаци за срцеви болести, на коишто треба да обрнете многу внимание додека не е доцна.

1. Болка којашто се шири кон рацете

Многу мажи чувствуваат болка во левата рака, додека жените ја имаат истата болка во истата рака, но понекогаш чувствуваат и болка во двете раце. Некои жени изјавиле дека доживеале невообичаени болки во лактите пред да доживеат срцев удар. Тоа се случува затоа што болката од Вашето срце патува кон ‘рбетниот мозок, каде што се поврзани многу нерви од вашето тело. Вашиот мозок останува збунет и мисли дека болката доаѓа од Вашите раце, а тоа не е точно.

2. Неконтролирана кашлица

Кашлицата може да сигнализира разновидни проблеми, но исто така може да биде знак за кардоваскуларни болести. Постојаната кашлица којашто произведува течност со крв е чест случај кај оние коишто имаат проблеми со срцето. Доколку таа е интензивна до степен да не можете да земете воздух морате да посетите доктор.

3. Отечени нозе и стапала

Кога Вашето срце не работи како што треба, течноста од крвта тече во околните ткива, а нозете во овој случај најчесто се отечени, едноставно поради гравитацијата. Ова се нарекува периферен едем и е застапен кај многу луѓе, дури и кај оние кои немаат срцеви заболувања. Ова е многу чест симптом кај пациентите со срцеви заболувања и треба да обрнете внимание.

4. Намален апетит

Многу пациенти коишто патат од срцеви болести имаат намален апетит. Причината за ова е акумулација на течност околу црниот дроб и цревата којашто влијае на правилното варење во дигестивниот систем. Овие симптоми најчесто се проследени со болка во стомакот.

5. Екстремна анксиозност

Неколку истражувања докажаа дека луѓето коишто доживеале екстремни тешкотии во раниот период во својот живот имаат поголеми шанси да заболат од разни болести на срцето. Анксиозноста може да биде предизвикана од многу стресен начин на живот или различни пореметувања, вклучувајќи панични напади и фобија. Благодарение на анксиозноста Вие ќе се соочите со проблеми на анксиозност, зголемен крвен притисок и смалена брзина на отчукување на срцето.

6. Губење на свеста

Чувството на напнатост и губење на свеста е многу чест случај доколку сте заболени од некоја кардиоваскуларна болест. Кога срцето не пумпа крв доволно добро, проблемот лежи во тоа што протокот на крв е блокиран поради одредена запушена артерија. Доколку не можете да дишете правилно или ја губите свеста за кратко време, веднаш посетете доктор и проверете дали е сѐ во ред со Вашето срце.

7. Блед изглед на кожата

Ова не е невообичаен симптом но, кога ќе се појави тоа е пради смалениот проток на крвта, смалениот број на крвни зрнца, а може да биде и знак дека вашето срце не пумпа крв како што треба. Бледилото може да се појави низ целото тело, а може да се појави само на одредени делови.

8. Осип на кожата

Две одвоени истражувања коишто ги спровеле “Journal of Allergy” и “Clinical Immunology” и “Journal of American College of Cardiology”, докажале дека егземите се показател за срцева болест. Оние кои имаат егземи имаат 48% можност да страдаат од висок крвен притисок и 29% можност да страдаат од висок холестерол.