На 09/10.07.2025 во времето од 22 часот до 02 часот, врз основа на претходно изготвен план од страна на СВР Тетово и ОВР Гостивар, била извршена акциска контрола во угостителски објект- ноќен бар во с.Желино, сопственост на J.Ф.(47) од с.Желино, за откривање на странски државјани, илегален престој и злоупотреба на туристичкиот престој. При контролата во објектот, затекнати се пет државјанки на Р.Албанија, на возраст од 24 до 50 години.
Исто така, во угостителски објект- ноќен клуб во с.Зубовце, гостиварско, сопственост на Р.Б.(50) од с.Добридол, затекнати се две државјанки на Р.Албанија, на возраст од 33 и 36 години. Поради злоупотреба на туристичкиот престој и престојување спротивно на целта, тие биле задржани во Полициските станици Тетово и Гостивар за понатамошна постапка.














![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)





















