Audi го претстави новиот TT: 20th Anniversary Edition

673

Во чест на одбележување на 20 години од претставување на првиот продукциски модел TT, Audi припремил посебно издание кое ќе се нуди во две каросериски верзии (купе и роудстер).

Со неколку стилски детали кои треба да потсетуваат на првата генерација на спортскиот модел TT, во Инголштад припремиле ограничено издание на актуелниот ТТ кој ќе се нуди во две каросериски верзии во две бои. 

Со називот “TT 20th Anniversary Edition”, во стандардната опрема пристигнува кафеава кожна внатрешност, плочка со сериски број, адекватната ознака “TT 20 Years”, аудио систем “Bang & Olufsen”, дигитална инструмент табла, мултимедијален систем со навигација и многу друго.

Деталите на каросеријата на јубилејното издание на Audi се однесуваат на посебните 19-инчни бандажи, полираните завршетоци на издувниот систем, црната маска на ладилникот и OLED задните светла кои досега можеа да се добијат само во комбинација со моделот TT RS.

Купувачите можат да бираат помеѓу две каросериски бои – Авијатор сива нијанса со бисерен ефект и Нимбус металик сива, а купето и роудстерот ќе ги придвижува дволитарски турбобензински мотор со 245 коњски сили и 370 Nm најголем вртежен момент кои на двете осовини ќе се дистрибуираат со посредство на седумстепен автоматски менувач со две квачила.