Фотографијата од дете со изгореници го обиколи светот и носи многу важно предупредување за сите

1084

Со доаѓањето на потоплите денови, пожарникарите ја искористија можноста да ги предупредат родителите да не ги оставаат цревата во градините, бидејќи тоа може да биде опасно со оглед на тоа дека поради високите температури водата може премногу да се загрее.

Пожарникарите од Лас Вегас објавиле на Твитер фотографија од 9 месечно бебе кое се здобило со изгореници од втор степен на 30 % од телото. Бебето од Сан Тана во Аризона се здобило со изгореници пред две години кога мајката полнејќи го базенот случајно го испрскала со водата.

На фотографијата можат да се забележат изгорениците кои малото бебе ги добило дури и на лицето од врелата вода. Кога водата во цревото ќе се загрее на 60 степени Целзиусови може да предизвика изгореници од трет степен само после пет секунди откако ќе дојде до контакт со кожата.

Тим Жимански од односи со јавноста на Пожарната служба на Лос Анџелес ја објавува оваа фотографија секоја година со цел да ги предупреди останатите родители на опасноста која може да се случи со градинарските црева додека се оставени на сонце.

“Кога цревото е оставено на трева на сонце, водата која останува во него се загрева”, рече Тим. “Кога луѓето ќе ја пуштат водата, мислат дека таа ќе биде ладна, но таа е всушност екстремно топла”.

Тим се надева дека ова предупредување ќе превенитра против добивање на такви сериозни повреди и советува водата да истече неколку минути додека да се олади.

“Една жена ми рече дека на истиот начин го убила своето домашно милениче. Имала голем гуштер и го испрскала со цревото. Водата била толку жешка што тоа го убило”.

Многу родители му се заблагодаруваат на пожарникарот на ова предупредување, бидејќи не се свесни на опасноста сè додека не ја погледнале фотографијата.