Португалецот во проблеми: Кристијано Роналдо осуден на две години затвор

823

Еден од најдобрите фудбалери на денешницата, првата „ѕвезда“ на Јувенутс, Кристијано Роналдо е е прогласен за виновен поради затајување на данок, па треба да се појави пред судот во Мадрид на 14. јануари следната  година.

Роналдо беше обвинет уште во 2017 година од шпанските обвинители поради парите кои ги должел.

Португалецот доби казна од две години, а токму таквите казни од две години или помалку се сметаат за условни и не треба обвинетиот да оди во затвор, доколку не прекрши други правила во Шпанија во тој период.

Адвокатот на Роналдо, Хозе Антонио Чоклан, се обиде казната да биде заменета со казна од 375.000 евра, но тоа беше одбиено од обвинителството.

Роналдо го исплати заостанатиот долг, односно затаениот данок од 14,7 милиони евра, а кога ќе се пресмета заедно со казните и трошоците, тогаш таа сума изнесува 18,9 милиони евра.