Почетна Забава Ќе ги препознаете ли? Еве во што се маскираа познатите Македонци за...

Ќе ги препознаете ли? Еве во што се маскираа познатите Македонци за „Ноќта на вештерките“ (фото)

606

Дел од познатите Македонци решија да се забавуваат за овој ден, па без оглед на возраста ја активираа својата фантазија и имагинација, преобразувајќи се во разни страшни ликови и суштества.

Пејачот Стефан Филиповски пред излегување во град ја овековечи својата маска со една фотографија во огледалото и ја објави на својот Инстаграм со опис дека е ѕверот од „Убавицата и ѕверот“ ама во овој кадар беше некомплетен – му фалеше убавицата.

ФОТО:СТЕФАН ФИЛИПОВСКИ/ИНСТАГРАМ

И ТВ водителката Елена Стефановска не го заобиколи трендот на маскирање, но таа не се одлучи за некоја страшна маска, туку напротив, сакаше да биде самовила, магична и нежна, па со својата моќ да им се спротивстави на злите сили.

ФОТО:ЕЛЕНА СТЕФАНОВСКА/ИНСТАГРАМ

Бидејќи е патник низ светот во могу земји каде овој празник не се заобиколува, за Ноне Неделковска маскирањето за „Халоувин“ на 31-ви октомври е задолжително за да се прилагоди кон опкружувањето и секако да се забавува.

ФОТО:НОНЕ НЕДЕЛКОВСКА/ИНСТАГРАМ

Годинава таа се одлучи да биде зомби, а нејзината маска е толку успешна што тешко би ја препознале.

И младата и талентирана пејачка Мартија Станојковиќ се потрудила одлично да ја реализира замислата на својата маска. Таа минатата ноќ се забавуваше маскирана во „Bratz dolls“.

Инаку, „Ноќта на вештерките“ денес се вбројува меѓу најпопуларните и најкомерцијализираните пагански празници од глобални размери, а иако црквата ваквиот обичај го карактеризира како пагански, младите ширум светот одлично се забавуваат.

Извор Вистина.мк