Погледнете го дијамантскиот градник на Викторија Сикрет, вреден милион долари

856

Модната куќа Викорија Сикрет го претставила својот нов „Fantasy bra“ градник, со кој ќе ја отворат нивната овогодинешна модна ревија.

Честа да го носи, оваа година ѝ припаднала на Швеѓанката Елза Хоск, тоа е манекенката која веќе има 7-годишен стаж како ангел на Викторија Сикрет.

Градникот е дизајниран од Сваровски и на него има 21 илјади дијаманти, а неговата вредност е проценета за милион долари.

Изработката на овој градник траела 930 часа, а манекенката на ревијата покрај него, ќе носи и кристален ѓердан и нараквица, која за Сваровски ја дизајнирал Кристофер Кане.

„Ова е Fantasy bra?! О, Боже!“, била првата реакција на Елза, за скапиот градник, пренесува „Harper’s Bazaar“. „Ова е најубавиот градник кој сум го видела во својата кариера, а одлично се вклопува и со мојот личен стил. Ме враќа во 90-тите години и цел е направен од дијаманти – што за мене е совршено“, искоментирала воодушевената манекенка, а потоа на својот Инстаграам профил покажала и како ѝ прилега.

Минатогодишниот „Fantasy bra“ бил уште поскап од овој и тоа двојно, бидејќи бил направен со злато и бил накитен со 6 илјади скапоцени камења, вклучувајќи дијаманти, жолти сафири и сини топази. Го носела манекенката Леис Рибеиро, а во продолжение погледнете како изгледал.