Подолго време голтам кнедли како и вие, но оваа не можам да ја голтнам: Ребека со искрен статус

197

Пејачката и претседател на здружението „Дајте ни крилја“, Ребека Јанковска- Ристески, неодамна за Женски магазин ги сподели своите мислења за тоа како треба да се одвива наставата.
Тогаш Ребека призна дека таа и нејзиниот сопруг, доктор Милан Ристески размислуваат близнаците Макариј и Доротеј кои ќе тргнат во второ одделение да ја повторуваат годината, од септември повторно да го учат материјалот од прво одделение.

Најстариот син на Ребека и на Милан, Маркијан, во ноември ќе наполни 14 години и боледува од ретката болест туберозна склероза, па Ребека секогаш гласно зборува за правата и потребите на децата со попречености и со своето здружение интензивно им помага на лицата со ретки болести.

Вчера таа објави Фејсбук статус, повторно на тема настава, каде побара изнајдување на решенија и прашува како државата ќе им помогне на најранливата група граѓани.

„Обајаснете им ве молам на оние луѓе во семејства со хронично болно,ретки болести,попречености како понатаму да функционираат? Објаснете, како семејатво како моето,со три деца ќе си ги образува децата!? Како да учам он лине со децата!? Како да ги пуштам во училиште кога нашиот најголем син има ретка болест!? Како да најдам асистент по 7 ми пат во овие услови!? Како да се снаоѓаат семејствата со болни родители и деца со попреченост?! Како да функционираат пак оние кои имаат две деца со попреченост?!“ прашува Ребека.

Во продолжение ви ја пренесуваме објавата на Ребека:

„Си голтам кнедли подолго време како и повеќето од вас. Оваа никако не можам да ја голтнам. Да ,знам тешко е во овие услови да се гледаат,чуваат деца и да се работи. Гледам на вести родители се бунат и негодуваат како ќе работат ако децата им се дома. Тешко е да се оди на работа со мало дете,а нема кој да го чува и се согласувам треба да се најде решение за тие семејства.Таа вест неколку дена оди на телевизија. Па добро луѓе,дали сте свесни дека стотици семејства каде што има дете со попреченост го живеат животот децении како овие 6 месеци вие, а згора на тоа имаат секојдневни искушенија и не ретко борба за живот во буквална смисла. Децата со попреченост растат физички и најголемиот дел од нив не можат никогаш сами да се грижат за себе и да бидат самостални. Асистент не се наоѓа зашто хонорарите им се многу мали, 9 000 ден. Луѓето не добија вработување. Си одат и секоја година нов. Не ви раскажувам како изгледа барањето на нов и низ што се поминува семејството , посебно детето при разделбата и навикнувањето на новиот асистент. Денес дознав дека општината преку проектот на UNDP ќе покрие хонорари само за образовните асистенти, а за личните ништо. Вистина ли е?!Обајаснете им ве молам на оние луѓе во семејства со хронично болно,ретки болести,попречености како понатаму да функционираат? Објаснете, како семејатво како моето,со три деца ќе си ги образува децата!? Како да учам он лине со децата!? Како да ги пуштам во училиште кога нашиот најголем син има ретка болест!? Како да најдам асистент по 7 ми пат во овие услови!? Како да се снаоѓаат семејствата со болни родители и деца со попреченост?! Како да функционираат пак оние кои имаат две деца со попреченост?! Дали некои конечно ќе направи протоколи за нив!? Дали некој ќе каже јасно и гласно што ќе помогне државата на оваа најранлива категорија на луѓе!? МТСП и МОН под итно да,се изјаанат. Мора да најдете решение за сите!!!“