ЈА ПОТРОШИЛ ЦЕЛА ЗАШТЕДА ЗА ДА ГО НАЈДЕ: Синот му го киднапирале пред 24 години, а денес конечно се заедно (ВИДЕО)

557

Го пронашол синот по 24 години, ја потрошил цела заштеда за да го најде и конечно се заедно
Кинезот Гуо Гангтанг го пронашол својот син кој бил киднапиран пред 24 години пред семејната куќа во провинцијата Шандонг.

Според Би-Би-Си, тој поминал повеќе од 500.000 километри возејќи се со мотор во повеќе од 20 провинции низ Кина, лепејќи постери со фотографии од своето дете. Така, ја потрошил целата заштеда, па спиел под мостови и просел кога ќе останел без пари.

Киднапирањето деца е голем проблем во Кина, годишно се киднапираат неколку илјади деца.

Министерството за јавна безбедност соопшти дека полицијата го пронашла киднапираното дете со помош на ДНК анализа. Подоцна, двајцата осомничени за киднапирање биле пронајдени и уапсени.

Додека го барал својот син, Гуо Гангтанг станал истакнат член на една кинеска организација која трага по исчезнати деца, а досега помогнал во решавање на седум случаи

Киднапирањето на неговиот син послужи како мотив за филм во 2015 година.