Почнува судењето на Хашим Тачи во Хаг

501

Денеска во судот во Хаг формиран за злосторствата на Косово почнува судењето на поранешниот лидер на УЧК Хашим Тачи. Овој процес беше вратен на почеток а сега е надополнет со нови докази.

На 54 годишниот Тачи ќе му се суди за злосторства против Срби кон крајот на деведесетите години како водач на т.н Дреничка група. Обвинението не ја опфаќа т.н жолта куќа каде биле вадени органи на Срби но опфаќа логори во Кукс, Албанија од каде жртвите биле носени на „операција“.

Тачи и неговата група се соочуваат со обвинние кое опфаќа речиси 100 убиства, киднапирања, прогон и мачење.Овие злосторства се квалификуваат, по шест точки, како злосторства против човештвото, а по четири точки, како воени злосторства.