Почнува фестивалот на виното во Скопје

1238

– На плоштадот „Македонија“ во Скопје вечер ќе почне „Skopje Wine Expo“ на кој посетителите ќе имаат можност да пробаат врвни црвени, бели и розе вина и да уживаат во богатата музичка програма што ја подготви Град Скопје.

Фестивалот на виното ќе трае до сабота, а како музички гости најавени се Кристина Арнаудова, Игор Џамбазов, Дани Димитровска, Дуке Бојаџиев и групата „Фрајле“ од Нови Сад.