Тамара Тодевска со песната „Proud“ не претставуваше на oвагодинешното издание на „Евровизија“ каде што постигна историски успех за Македонија.
Имено, со нејзиниот перформанс таа го освои првото место од жирито и седмото место од публиката, а досега ова e најголем успех на Македонија на ова европско случување.
По успехот на „Евровизија“, Тодевска настапуваше во Шпанија и Данска каде пред тамошната публика ги покажа своите вокални способности, а они кои ја слушаа ја поздравија со аплауз.
ФОТО: ПРИНТСКРИН/ИНСТАГРАМ/ТАМАРАТОДЕВСКА
На прашањето што следува по „Евровизија“, Тодевска одговори дека следува светска доминација, па изгледа и дека добро најави.
Имено, изминатиот период Тамара е во студио каде што ја снима својата нова песна насловена „Monsters“.
Пејачката заедно со својата добро проверена екипа снима и по 3 часот наутро.
ФОТО: ПРИНТСКРИН/ИНСТАГРАМ
Исто така Тодевска ја објави и најавната фотографија за песната која наскоро ќе може да ја слушнат нејзините фанови.
ФОТО: ПРИНТСКРИН/ИНСТАГРАМ
Каролина Гочева која исто таа поседува одлични вокални способности, но е колешка и пријателка на Тамара, на својот „Инстаграм“ сподели дека едвај чека да ја слушна песната.
ФОТО: ПРИНТСКРИН/ИНСТАГРАМ
Што подготвува Тамара и дали тоа ќе биде ремек дело кое ќе брои милионски прегледи на Јутуб, останува да почекаме до денот кога песната ќе биде официјално објавена.
Дотогаш да се потсетиме на „Proud“.















![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)




















