Спасувачки тимови од Унгарија и Јужна Кореја почнале со извлекување на потонатиот брод од Дунав во Будимпешта.
Како што пренесува “Reuters”, околу мостот Маргит во Будимпешта има огромни кранови, бродови и спасувачи.
Туристичкиот брод потонал на 29-ти мај откако се судрил со голем крузер, а засега е потврдено дека загинале 19 јужнокорејски државјани и еден унгарски член на екипажот.

Уште се трага по осум лица, а седум биле спасени.
Капетанот на крузерот се наоѓа во притвор од 1-ви јуни.





















![[ВИДЕО] Немири во Приштина: демонстрантите ги блокираа излезите од Собранието и фрлаа петарди](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/10/RPwVF-10310452-218x150.webp)


















