Иницијатива – Награда за пожарникарите наместо патни трошоци за пратениците

255

Денеска сите бевме сведоци на голем пожар во зграда во Кисела Вода, каде за среќа со помош на брзата интервенција и покрај старите и делумно исправни противпожарни возила, ситуација беше ставена под контрола а станарите навремено спасени.

На тешко пристапен терен, во стара зграда без обезбеден против пожарен излез и скали, нашите скопски пожарникари ХЕРОИ успешно ги извадија неколкуте деца и станари кои беа заглавени на горниот кат од зградата, и кои поради густиот чад не можеа да ја напуштат.

Најпрво со помош на противпожарни скали тие влегоа во станот над оној што гори и спасија неколку дечиња и ги згрижија на безбедно, а по изгаснувањето извлечено беше и девојче кое пред насобраните станари се појави во пожарникарска облека и маска.

За жал во оваа акција за гаснење на пожарот повреден е и еден од пожарникарите кој веднаш беше пренесен во некоја од скопските болници.

По се што покажаа тие вчера, веруваме дека заслужуваат награда, бидејќи без нивната брза реакција можеше да дојде до многу поголема несреќа.

loading...