Папата се надева дека владите ќе се договорат за мигрантите

784

Папата Франциско изрази надеж дека владите ќе постигнат договор за заштита мигрантите кои се принудени да ја напуштат својата татковина.

Папата во обраќањето до верниците на плоштадот Свети Петар во Рим истакна дека таквиот договор би имал за цел безбедна миграција. Тој рече дека сите луѓе се повикани да го вреднуваат придонесот на бегалците, за подобро да се вклопат во заедниците кои ги прифаќаат.

„Обостраното почитување ќе доведе до решение на проблемот што се однесува до миграциите“, рече Папата Франциско.