Името, тие направиле вечера за добредојде на новите засилувања, но откако испиле малку повеќе алкохол, 12 од фудбалерите решиле да отидат на стадионот и таму да ја продлжат забавата.
Викнале четири девојки, ги исклучиле сите мобилни телефони со цел некој од присутните да не го сними настанот, но заборавле дека стадионот има камери.
Се вели дека камерите снимиле сè, од интимни односи, до пијани фудбалери како голи трчаат по теренот и прославуваат голови.
Сето тоа се случувало во пресрет на важниот меч со Сандефјорд од кој бодовите им се многу значајни за опстанок.
„Имавме сериозен разговор со фудбалерите, ќе ги казниме, но не можеме да ги суспендираме бидејќи се работи за голема бројка на играчи, ако ги исфрлиме ќе немаме тим. Можеме да суспендираме еден, но не сите“, изјави спортскиот директор на клубот, Јакобсен.