Отрови на модерното живеење: Напуштете го ставот дека морате да имате сè

237

Денес, носиме огромен стрес со себе. Живееме на многу поинаков начин од тоа како живееле нашите родители, баби и дедовци. Светот ни наметнува многу вредности и потреби кои мислиме дека треба да ги имаме, а ни нуди и лажна формула за среќа.

Така живееме.  Не сфаќаме дека не треба да станеме нешто или да постигнеме нешто за да бидеме среќни. Дури тогаш кога тоа ќе се оствари, ќе сфатиме дека среќата не лежи во тоа.

За да бидеме навистина среќни, треба да ги напуштиме идеите кои ги имаме за модерното живеење, но тоа не се случува преку ноќ. Самите треба да се потрудиме да си го изградиме својот животен пат, а да не се потпираме на тоа што општеството ни го наложува да го правиме.

Ова се работи кои треба да ги напуштиме засекогаш.

Напуштете ги сите мисли кои не ви даваат чувство на сила и поддршка на самите себеси.

Напуштете го чувството на вина и каење поради очекувањата на другите луѓе.

Напуштете го жалењето, фокусирајте се на тоа што го имате, а не на тоа што го немате.

Напуштете ја загриженоста за работите кои никогаш не се случуваат.

Напуштете го размислувањето дека сте оштетени. Вие носите вредност на овој свет такви какви што сте.

Напуштете го размислувањето дека сите останати се среќни, подобри и поуспешни од вас. Вие сте таму кадешто треба да бидете.

Напуштете го ставот дека сите нешта во овој свет се црно-бели. Уживајте во контрастите и славете ја различноста и богатството на животот.

Напуштете го мислењето дека минатото е подобро од сегашноста. Време е да тргнете напред и да испишете нова приказна.

Напуштете го лутењето и бесот кон другите. Тие не ви должат ништо.

Напуштете го размислувањето дека морате се да знаете.