Пакистан е подготвен да го ослободи индискиот воен пилот заробен вчера, за да придонесе за намалување на тензиите со Индија, соопштило денес пакистанското Министерство за надворешни работи.
“Подготвени сме да го вратиме индискиот пилот ако тоа придонесе за деескалација на кризата”, ги навел портпаролот зборовите на министерот Шах Мехмд Куреши.
Кризата избила во вторникот меѓу двете соседни земји околу спорната област кашмир.

Пакистанската војска вчера потврдила дека урнала два индиски авиони во пакистанскиот воздушен простор, од кои еден паднал во индискиот дел на Кашмир, а другиот во неговиот пакистански дел.
Пакистан заробил еден индиски пилот и објавил негови фотографии.

Њу Делхи признал дека изгубил еден Миг-21 во судирите и побарал итно и безбедно враќање на својот пилот, кој сега се слави како херој во Индија.
Конфликтите поради Кашмир меѓу Пакистан и Индија траат последните 60 години, а индискиот дел на Кашмиир е центар на чести напади на исламски екстремисти.
