Падна првата жртва за Black Friday: Го изнервирале други купувачи, па извадил пиштол!

250

Откако отворил оган за време на распродажба во трговски центар во Алабама, американската полиција реагираше веднаш и го застрела напаѓачот.

Како што пренесува “NBC News”, во најголемиот трговски центар во градот Бирмингем во американската сојузна држава Алабама, за време на големата распродажба поради Black Friday, дошло до конфикт меѓу купувачите.

Конфликтот ескалирал до таа мера, така што еден од луѓето извадил пиштол и започнал да пука кон 18-годишен тинејџер. Во нападот, тој покрај тинејџерот, исто така ранил и 12-годишно девојче, по што побегнал од трговскиот центар.

Шефот на локалната полиција откри дека напапаѓачот побегнал од трговскиот центар, но набрзо бил сопрен од полицајци кои што го убиле.