Работа во Словенија: Плата 700 евра, обезбедено сместување во стан и платени сметки

186

Се бараат само три услови, а може да се пријавите со македонски или европски пасош!

Словенската компанија ВЕНТИЛ ТРЕЈД ИНТЕРНАЦИОНАЛ која се занимава со производство на вентили, со своја подружница во Македонија, е во потрага по општи работници за во магацин.

Потребни квалификации: ССС, со или без претходно работно искуство, основно познавање на англиски, словенечки и српски јазик. Платата изнесува 700 евра, а за работниците е обезбедено сместување со платени сметки за станот и многу други поволности.

На огласот може да се пријават кандидати кои поседуваат македонски или европски пасош. Пријавете се ТУКА!

На Австрија и требаат работници: 54 занимања на дефицитарната листа, за една професија работа има низ цела земја

Австриското министерство за труд и социјални прашања повика на разгледување на листата со дефицитарни работни профили за 2020 година врз основа на која може да се увезе работна сила од странство.

На листата, која се однесува на федерално ниво, наведени се 54 профили кои недостигаат на пазарот на трудот – од негуватели, готвачи и машиновозачи, па се до ѕидари и столари.

Покрај тоа, некои покраини во земјата ги објавија своите најдефицитарни професии на пазарот на трудот.

Така, на Корушка и недостигаат, пред сè, фризери, на Долна Австрија месари, на Салцбург молери, на Штаерска специјалисти за шпедиција, а на Тирол и Форарлберг им фали работна сила во хотелиерството.

Интересно е што во Горна Австрија, Салцбург, Тирол и Форарлберг се бараат и келнери, а фризерите се дефицитарно занимање во дури шест покраини.

Како до работа во Австрија?

На работниците од земјите кои не се членки на ЕУ им е овозможено да аплицираат за црвено-бело-црвена карта која се заснова на системот за бодување.

Барањето за црвено-бело-црвена карта можат да го поднесат кандидати кои ги исполнуваат следните критериуми: стручно образование за едно од овие дефицитарни занимања (мора да се приложи диплома); задолжителна понуда за работа во Австрија за која ќе биде исплатена најмалку минимална плата пропишана со закон или колективен договор; потребен минимален број на бодови во бодовниот систем потребен за професионалците во дефицитарните занимања.