(ВИДЕО) Во Серија А падна „голчиште“ на сезоната, но беше поништен поради бизарна причина

120

Каљари синоќа сосема заслужено ја совлада Фиорентина во 28. коло од италијанската Серија А.

Каљари славеше со головите на Педро и Сепители, но најдобар погодок беше оној на Чигарини – кој беше поништен.

Чигарини изведе еден прекин од нешто повеќе од 50 метри оддалеченост и со фантастичен удар го лобуваше голманот на Фиорентина.

Меѓутоа, неговиот гол беше поништен бидејќи стануваше збор за индиректен слободен удар. Со оглед на тоа дека Чигарини директно шутираше во голот, неговиот погодок не можеше да биде признат.

Своето жалење за поништениот гол по мечот го изрази и тренерот на Каљари Роландо Маран.

„Вистинска штета е што голот на Чигарини е поништен бидејќи беше фантастичен момент кој ќе се памети и во годините кои допрва доаѓаат. Со таквата вештина и техника го заслужи голот“, истакна Маран на прес-конференцијата.

loading...