Најсексапилниот маж на светот ги распаметил жените со фотографија без маица

290

Во него се заљубивме во култната серија „Wire“, потоа навивавме да стане првиот „темен“ Џејмс Бонд, а кога магазинот „People“ го прогласиле за најсексапилен маж во 2018-та година, им опростивме за тоа што претходната година таа титула му ја доделија на Блејк Шелтон.

Нормално, станува збор за Идрус Елба, 46-годишниот британски актер, продуцент, музичар и DJ, кој откако ја освоил ласкавата титула, одлучил дополнително да поработи на својот изглед.

Да, убаво прочитавте, Идрис за улогата во филмот „Fast an Farious“ , требало дополнително да ги „напумпа“ своите мускули, со кои сега се пофалил на Инстаграм и потполно ги распаметил своите обожавателки.

„Кога снимате филм со The Rock, мора да покажете малку гола кожа, па морав и малку повеќе да работам во теретана“, напишал најсексапилниот маж под фотографијата на која го истакнал бицепсот.

Иако многу женски срца чукаат за згодниот Ирис, сепак неговото е посветено и целосно предадено на манекенката Сабрина Доре, со која наскоро ќе застане и пред олтар.