Здравко Чолиќ е легенда на поп музиката, која доминира во целиот регион и пошироко. Иако на Евровизија настапуваше во далечната 1973 година со песната „Гори ватра“, евровизиските фанови од целиот свет сè уште внимателно ја следат неговата работа.
– Реков дека Чола скапо ќе ме плати, дека ќе барам алиментација за сите овие години. Јас да сум на негово место ќе снимам дует, за да покажам дали навистина сме толку слични визуелно и вокално или не сме. Чола е само 14 години постар од мене и не може да ми биде татко – рекол во една прилика Лео.
Лео признал и дека на неговите родители малку им пречи тоа што се пишува дека е вонбрачен син на Чола бидејќи тоа на некој начин ги навредува, па додаде:
– Не разбирам зошто Чола молчи, а сите зборуваат за тоа. Јас да сум на негово место ќе го гушнев, ќе се сликав и луѓето ќе замолчеа. Се оградува, а не знам зошто – заклучува Лео.