Трамп направил урнебес на Твитер: Ветувам, нема да го направам ова на Гренланд

42

Американскиот претседател Доналд Трамп, повторно размислува за купување на Гренланд – овој пат на шега.

Трамп на Твитер објавил монтирана фотографија од типично мало гренландско село со дрвени куќички, зад кои се возвишува висока “Trump Tower”.

“Ветувам дека нема да го направам ова на Гренланд”, напишал Трамп. Тој пред два дена, коментирајќи ја идејата за купување на Гренланд од Данска, рекол дека тоа не е приоритет на неговата администрација, но дека “е стратешки интересно”.

“Таа идеја се појави и…стратешки е интересна”, рекол Трамп.

Американскиот претседател смета дека Гренланд претставува економски товар за Данска која, како што вели, поради тоа губи речиси 700 милиони долари годишно, па почнал да размислува за купување на тој остров.

loading...