Ова е Данецот кој е уапсен поради масакрот со лак и стрела во Норвешка: Тврди дека е гласник и дека носи предупредување!

113

Нападот со лак и стрела во Норвешка, за време на кој дански државјанин убил пет лица, најверојатно претставува терористички чин, соопштија денеска властите.

Синоќешниот напад на Данецот кој со лак и стрела, а можно е и со друго оружје, случајно тероризирал граѓани на неколку локации во Конгсберг, ја шокираше Норвешка, а полицијата засега не соопштува многу детали.

Станува збор за Данецот Еспен Андерсен Братен (37), кој живее во Конгсберг, кој е обвинет за овие убиства, а како што пренесува „Sky News“, тој претходно бил идентификуван дека покажува знаци на радикализација, а сега ќе го проценуваат експерти за судска психијатрија.

Официјални лица велат дека осомничениот бил осуден неколкупати во минатото и дека минатата година му била изречена шестмесечна забрана за приближување на двајца блиски членови од семејствто, откако се заканил дека ќе убие еден од нив, пренесува „Sky News“.

Полицијата на Конгсберг, место со 26.000 жители недалеку од Осло, навела дека 37-годишниот напаѓач бил во контакт со полицијата пред злочинот.

„Според ова што досега го знаеме, јасно е дека некои жртви, веројатно сите, се убиени откако полицијата беше во контакт со сторителот“, навела полицијата.

Меѓу жртвите се четири жени и еден маж, на возраст помеѓу 50 и 70 години, а во нападот се повредени три лица.

Полицијата навела дека го уапсила осомничениот половина час откако добила пријава дека во центарот на Конгсберг испукал стрели.

Од обвинителството рекле дека осомничениот по апсењето ‘јасно опишал што направил и признал дека убил пет лица’.

Норвешката безбедносна агенција „PST“ навела различни аспекти на нападот, како објаснување наведува дека потезите на осомничениот во моментов ‘делуваат како терористички напад’.

Агенцијата додала дека напаѓачот бил под нејзин радар, но не навела зошто.

На интернет се појави избришаното видео кое првично беше објавено на Јутјуб, во кое Братен зборува за преобраќање во ислам. Тој во видеото себе се претставува како ‘гласник кој носи предупредување’, и прашува ‘дали навистина ова е она што го сакате’.

Инаку, масовните убиства се реткост во Норвешка, во која нема многу криминал.