Под силна заштита на специјалните сили во манастирот во Цетиње беше устоличен митрополитот црногорско-приморски Јоаникије. Тој и српскиот патријарх Порфирије со хеликоптер пристигнаа во манастирот откако граѓаните на Цетиње го блокираа периодот во градот протестирајки против неговото устоличување. Во Манастирот ги пречека помала група граѓани со аплауз и извици Достоен, а веднаш по завршувањето на церемонијата свештениците беа евакуирани во Подгорица. Претседателот Гукановик ваквиот чин го нарече срамен.
Устоличувањето на митрополитот на Српската православна црква Јоаникие беше проследено со протети , блокади и судири со полицијата во Цетиње . Во протесите се уапсени неколку лица меѓу кои и советникот на претседателот Гуканови, а повредени се и 20 тина полицајци.
Црногорците на барикадите порачаа дека ваквиот чин на устоличување на митрополитот на СПЦ во манастир каде почиваат моштите на Свети Петар Цетињски е провокација и атак врз црногорскиот идентитет и независност.
За разлика од Цетиње, српските свештеници во Соборниот Храм во Подгорица уште вчера беа пречекани со аплауз, поддршка и огномет. На големиот број верници се приклучи и премиерот Кривокапик и неговите министри. Тој денска ги осуди нападите врз полицијата, оценувајки го она што се случуваше во како тероризам. Настаните во ЦГ ги коментираше и српскиот престедател Вучиќ кој ги отфрли на шпекулациите дека во сето ова е вмешана српската тајна полиција и му се обрати директно на Гукановик.
Една третина од 620 000 жители на ЦГ се изјаснува како Срби, а некои српски националисти дури и го негираат црногорскиот идентитет.

![[ФОТО] Силно невреме во Дојран, граѓаните да пријават штети](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/07/JNR2f-752497600-122137003053034092-8851586052776413116-n-218x150.webp)















![[ВИДЕО] Сцена од грчка плажа – бугарски туристи и скара на песок](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/07/uBJ7W-screenshot-15-218x150.png)







![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)








![[ФОТО] Силно невреме во Дојран, граѓаните да пријават штети](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/07/JNR2f-752497600-122137003053034092-8851586052776413116-n-100x70.webp)

