Ѕвездата на филмовите за возрасни, Рон Џереми, обвинет е за дополнителни 20 точки на сексуален напад, откако минатата недела во судот изјавил дека не е виновен за силувањата за кои се товари, пренесуваат странските медиуми.
Пред два месеци Џереми бил обвинет за три случаи за силување и еден сексуален напад помеѓу 2014-та и 2019-та година. Се појавил на суд во петокот и ги негирал обвиненијата.

Сега 67-годишникот е обвинет за уште 20 случаи на сексуален напад во период од 14 години. Го обвинуваат 13 жртви, вкучувајќи и една тинејџерка, соопштило во понеделникот обвинителството од округот на Лос Анџелес.
Поради овие точки на Џереми му се заканува затворска казна од повеќе од 250 години.
Како што пренесуваат локалните медиуми, Џереми за новите обвиненија во Високиот суд во Лос Анџелес исто така се изјаснил дека не е виновен и негирал дека е виновен за сите претходни обвинувања.

После изнесувањето на претходните обвиненија, адвокатот Стју Голдфарб рекол дека неговиот клиент е ‘апсолутно невин’.
Следното рочиште е закажано за октомври.





![[ВИДЕО] Јутјуберот Поповиќ затекна малолетници како кршат детско игралиште во скопски Аеродром: „Дај ми број од твоите, јави им се одма и ќе дојде полиција“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/HqXxB-screenshot-7-218x150.png)










![[ВИДЕО] Снимен земјотресот на главниот аеродром во Венецуела, паѓаат големи парчиња бетон](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/5VAhu-2c245c45-aa5d-4bd2-8e0e-4b72fb8f4f40-218x150.webp)








![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)











