Студија од Харвард: Што треба да јадеме во текот на денот ако сакаме да бидеме здрави

257

Студијата објавена во списанието „Circulation“ од истражувачи од Харвард, покажала колку порции зеленчук и овошје треба да јадеме во текот на денот за здравјето да ни биде на потребното ниво.

Во студијата се тврдело дека е пронајдена јасна врска помеѓу доволното внесување на витамини и минерали и доброто здравје.

Препораката е да се јаде многу овошје и зеленчук (тоа не е новост), но студијата утврдила колкава количина му е неопходна на организмот, како и кое овошје и зеленчук се најдобри.

Во студијата биле анализирани податоци за исхрана на 100.000 возрасни жени и мажи од 1984 до 2004 година. Испитаниците на секои 4 години пополнувале прашалници за навиките во својата исхрана.

На тој начин истражувачите собрале податоци за стапката на морталитет и нивната поврзаност со овошјето и зеленчукот.

Утврдено било дека луѓето кои што ја следеле препораката „пет порции дневно“ живееле подолго од оние кои што не го правеле тоа.

Кај учесниците кои што јаделе овошје двапати и зеленчук три пати дневно забележан бил и помал ризик од смрт за 13 отсто, 12 отсто помал ризик од кардиоваскуларни болести, 10 отсто помал ризик од настанување карцином и 35 отсто помал ризик од респираторни болести.

Авторот на студијата Д. Ванг, нагласува дека треба да се избегнува зеленчук како компир и пченка, додека пак од овошјето тоа е бананата.

Од друга страна, овошјето и зеленчукот богати со бета каротен и витамин Ц, како на пример цитрусот, се покажале како многу важни за организмот. Исто така, пожелно е да се внесува зелен зеленчук, како зелена салата, спанаќ, зелка.