За колку ќе поскапи струјата после Нова Година?

103

Граѓаните ќе бидат исклучени од ценовниот шок на струјата кој во моментов ја тресе индустријата и приватниот сектор.

Надлежните уверуваат дека цената за домаќинствата ќе остане иста до крајот на годината. Но колку ќе се плаќа веќе од јануари никој не може да предвиди и затоа допрва се прават анализи.

Министерот за економија Крешник Бектеши најави дека се прават сите напори ЕСМ да го извади максимумот од капацитетите за производство на електрична енергија.

„Моменталната производна цена на електричната енергија на АД ЕСМ е 36 евра за мегават и ќе направиме напори тоа да остане така. Веќе се преземаат соодветни мерки од страна на раководството на ЕСМ да се зголеми производството во РЕК Битола и во ТЕЦ Осломеј“, рече Бектеши.

Исто така Бектеши изјави дека е убеден дека тендерот за набавка на јаглен од странсво ќе биде успешен, дека ЕСМ има внатрешни законски процедури кои треба да ги спроведе за набавката, но дека веќе државата има искуство со ТЕЦ Осломеј за каде се набавува јаглен од Косово.

На иста линија е и претседателот на Регулаторната комисија, Марко Бислимовски, кој прогнозите на дел од експертската јавност дека струјата може да поскапи и до 50 отсто ги оцени како шпекулација.

Една од можните мерки за да се ублажи и стабилзира состојбата во енергетскиот сектор е и активирање на ТЕЦ Неготино, кој произведува струја на мазут. Дали ќе биде рестартирана зависи од цената на нафтата на светските пазари, која во моментов е во пораст.

Околку реакциите на граѓаните за висината на августвокски сметки за струја, Бисломовски препорача самите да ја искористат можноста да ги прочитаат броилата за да избегнат плаќање на евентуални паушали.