Откорнати дрвја, искршени приколки и уништени автомобили: Силното невреме направи пустош и во охридско-преспанскиот регион

1077

Охридско-преспанскиот регион вчера беше зафатен од силно невреме, проследено со ветер и дожд.

Според фотографиите и видеата од социјалните мрежи, невремето кое вчера траело половина час уништило голем број автомобили и и корнело дрвја, бандери и покриви од куќи во Преспа. Кампот Љубаништа е буквално руиниран – ветрот ги оштетил приколките, ги корнел тендите и дрвјата, а за среќа нема повредени.

Освен Преспа, голема штета претрпеле и селата Наколец, Крани, Долно Дупени, Штрбово и Љубојно, а освен овој регион, бил зафатен и Охридскиот, кај Свети Наум.

Силниот ветер проследен со дожд и град носел сѐ пред себе, а според кажувањата на очевидците, неговата брзина била близу 200 километри на час. Според нив, во еден момент градот натрупал слоеви од по 30 центиментри.

View this post on Instagram

Силно невреме со силен дожд и ветер го зафати с.Крани и автокампот „Крани“, како и Претор и Наколец. Од невремето има паднати дрвја, бандери и во прекин е и електричната енергија. Во автокампот има паднати дрвја врз камп приколки и истите се оштетени, соопштија од Центарот за управување со кризи. Луѓето кои престојувале во нив се згрижени кај соседите. Нема повредени. На терен се испратени припадници на МВР ПС Ресен и ТППЕ – Ресен кои работат на расчистување на патот. Известени се ЕЛС – Ресен и останатите надлежни институции – велат од Центарот. Од невремето зафатени се и Долно Дупени, Сливница и Љубојно. Во с. Љубојно има паднати дрвја од кои има оштетена куќа и автомобил, во с. Наколец паднато дрво го препречило локалниот пат кон ова село. Селата: Долно Дупени, Крани, Сливница, Претор, Љубојно, Наколец се без струја. Благодарност за @andrejmihajlovv за видеата

A post shared by Radio MOF (@radiomof) on

Засега нема информации за посериозно повредени лица. Од ова утро, тимови на противпожарните служби работат на расчистување на теренот. Во Ресен е прогласена вонредна состојба.