Осум најефикасни вежби за брзо губење на килограмите

446

Доколку сте одлучни да започнете да вежбате неколку пати неделно со цел да го доведете вашето тело во форма и да го истопите вишокот килограми, веројатно ваша цел е да остварите максимални резултати во што е можно пократок временски период.

Експерти за вежбање се позанимавале токму со оваа тема и откриле со кои вежби (доколку правилно ги изведувате) ќе го имате телото од соништата.

1. Кардио вежби

Американскиот факултет за спортска медицина пишува дека со кратки кардио вежби значително може да се забрза метаболизмот. Сè што треба да направите е да вметнете кратки периоди на интензивен напор во своите редовни физички активности. Таквите напори ќе го забрзаат вашиот метаболизам за време на тренингот, а потребни се неколку часа за повторно да се забави.

Доколку пешачите половина час дневно, обидете се после секои пет минути да трчате 30 секунди. Кога ќе ја постигнете посакуваната форма, можете да ја зголемите должината на интервалот на трчање на една минута и да го намалите траењето на одењето на четири минути.

2. Вежби за сила

Колку се поголеми мускулите, толку повеќе вашето тело ќе има потреба за храна. Затоа, експерти од Американскиот факултет за спортска медицина издвоиле седум важни вежби со кои работите на сите главни мускулни групи во телото. Со изведувањето на овие вежби два до три пати неделно по половина час, вашите мускули ќе бидат способни за согорување на калории пред вашето тело да ги претвори во сало.

3. Склекови

Кога се изведуваат правилно, склековите влијаат на мускулите на градниот кош, рамената и рацете, па дури и на мускулите на стомакот.

4. Стомачни вежби

Стомачните вежби, како што кажува и самото име, имаат многу ефикасно влијание на стомачните мускули.

5. Вежби за бицепс

Работата на бицепсот ќе ги зајакне вашите раце, така што многу полесно ќе ги извршувате секојдневните задачи.

6. Исчекори

Со оваа вежба работите на мускулите на нозете.

7. Вежби со тегови

За оваа вежба ви се потребни тегови кои ќе ги кревате паралелно со двете раце, а преку ова ги зајакнувате грбните мускули и рамената.

8. Клекнувања

Ова е вежба за долниот дел од телото со кои ќе ги обликувате нозете и задникот.