Загина македонски планинар кој паднал во провалија на Олимп

669

При пад во провалија загина македонски планинар на планината Олимп во Грција.

Според информациите, тој бил дел од деветчлена група од нашата земја која викендов се искачувала на грчката планина. Несреќата се случила кога на човекот му се слошило, по што паднал во провалија. Не се исклучува и можноста дека пред падот доживеал срцев удар.

Неговото тело со помош на спасувачка екипа од местото на несреќата било пренесено во најблискиот планинарски дом, а по обдукцијата, закажана за утре, ќе бидат утврдени точните здравствени причини кои довеле до падот на планинарот.