ОJO ги доби наодите од обдукцијата на Влатко Илиевски

1146

Обдукцискиот наод за смртта на пејачот Влатко Илиевски е изготвен и пратен до обвинителството.

Од обвинителството ја потврдуваат оваа информација за 1ТВ, но без да ги соопштат наодите. Велат дека извештајот се разгледува во моментов.

„Обдукцискиот протокол за починатото лице пристигна во Основното јавно обвинителство Скопје во текот на вчерашниот ден. Истиот се разгледува, по што ќе биде донесена јавнообвинителска одлука за натамошниот тек на постапката“ – велат од ОЈО за 1ТВ.