ПИСМОТО ОД БАБАТА ДО ВНУКАТА КОЈА ГО РАЗНЕЖНИ СВЕТОТ: НЕ ПЛАШИ СЕ ДА ПАДНЕШ, ТАКА ЌЕ НАУЧИШ ДА СТАНЕШ И КОГА ТИ СЕ ПЛАЧЕ

50

„Само храбрите девојки умеат да се извинат и да ги согледаат своите грешки…“

Една баба напиша писмо за својата новородена внука и го воодушеви светот.

Драга моја, ова писмо можев да го напишам пред четврт век, за твојата мајка… Но, тогаш имав 25 години и се занимавав со други прашања: да го прехранам семејството, дали ќе успеам да го однесам детето во градинка и да стигнам на предавање.

Твојот дедо работеше ноќни смени и не можеше да ми се најде кога твојата мајка по цела ноќ плачеше поради честите детски болести. Сега имам 50 години и малку повеќе искуство кое би сакала да го споделам со тебе. Не тврдам дека знам сѐ за животот, но на крајот на краиштата јас сум твојата баба и сакам да бидеш среќна. А, овие мои совети нема да ти попречат во тоа!

1. Не плаши се да паднеш

Лулај се, лизгај се, вози велосипед, ролери и не плаши се да паднеш. Ќе боли, но воедно ќе научиш да бидеш брзо и да стануваш и кога ќе ти се плаче.

2. Не плаши се да го покажеш своето мислење

Не е твоја обврска да молчиш доколку нешто не ти се допаѓа или со нешто не се согласуваш. Не сокривај ги своите мислења ниту поради другарство ниту поради љубов. Доколку не слушнат што имаш да кажеш или бараат да бидеш лојална – тргни се од таквото другарство и љубов.

3. Не се срами да се извиниш

Само храбрите девојки умеат да се извинат и да ги согледаат своите грешки, а јас би сакала ти да бидеш таква. Не е лесно да се каже: „Извини, не бев во право. Како може да ја поправам ситуацијата?“ Но, тоа треба да се научи, а кога ќе го научиш, никој повеќе нема да те победи.

4. Не плаши се да добиеш лоша оценка

Единицата воопшто не е нешто страшно. Таа укажува на слабите точки и ти кажува на што треба да поработиш. Слабата оценка не значи дека си глупава. Таа е само мотивација за работа. Така е и во текот на животот, кога ќе го напуштиш училиштето. Поразите се составен дел од животот и воопшто не се лоши.

5. Не плаши од тоа да не бидеш популарна

Додека сите популарни „шмизли“ одат на забави, го губат времето по разни ќошиња, со денови се пред телефоните споделувајќи ги своите фотографии, ти убаво ќе ги совладаш на пример стрелаштвото, јавањето, пеењето… На 18 години тие популарните и понатаму ќе седат на столчето пред компјутерот, а ти тогаш веќе ќе го освојуваш светот, можеби, навистина ќе тргнеш на пат околу светот.

6. Не се плаши од тоа на другите да им бидеш „чудна“

Од тоа не се плаши ниту твојата баба.

7. Не плаши се за тоа дали ќе се омажиш или не

Кога ќе пораснеш, никој не треба да го интересира дали ќе имаш бурма на раката или не. Но, доколку ти одлучиш дека мажењето и семејниот живот се за тебе – настојувај да го запознаеш човекот на својот живот, и тогаш ќе ти биде добро. Нема да те нервираат ниту разфрланите чорапи по целата куќа. Покрај тоа, тука ќе биде некој кој навечер ќе те измасира и ќе имаш со кој да го прошеташ кучето…

8. Не се плаши од раѓање

Нема да те лажам – боли, но тоа е нешто најубаво што може да се случи во животот на една жена.