ОФИЦИЈАЛНО: Мартин Томовски две години во Лудвигсхафен!

933

Голманот на Металург, Мартин Томовски, од следната сезона ќе ја зголеми колонијата на македонски ракометари што ќе играат во Германија. Тој потпишa двегодишен договор со екипата на Лудвигсхафен, која сезонава беше дел од Бундес лигата, но не го обезбеди опстанокот и следната година ќе игра еден ранг подолу.

„Задоволни сме што ја пополнивме голманската позиција со Мартин Томовски. Тој има големо искуство, иако се работи за млад голман и ќе формира одлично дуо со Стефан Ханеман. Мартин е многу амбициозен, па сигурни сме дека ќе ни биде од голема полза“, велат од германскиот клуб.

Томовски кариерата ја започна во Пролет, но беше забележан како голем потенцијал од Лино Червар и се пресели во екипата на Металург. За тимот од Автокоманда имаше одлични партии во Лигата на шампионите и во СЕХА лигата, па беше за очекување дека следната сезона ќе го направи првиот чекор надвор од границите на Македонија.