Де Лаурентис ги откри имињата на двајца играчи кои ќе завршат во Наполи

711

Екипата на Наполи не успеа да дојде до пехарот во Серија А, па се одлучи да отвори ново поглавје во кое улогата на шеф на стручниот штаб ќе ја има трофејниот Карло Анчелоти.

Доаѓањето на Анчелоти очекувано значеше дека наполитанците ќе имаат активен летен преоден рок и промени во играчкиот табор. Тие најави полека почнуваат да се реализираат, па веќе на „Сан Паоло“ пристигна Симоне Верди со тоа што сега првиот човек на клубот, Аурелио Де Лаурентис најави две нови имиња кои според него се договорени-Фабијан Руис од Бетис и Стефан Лајнер од РБ Салзбург.

-Ние само чекаме Фабијан Руиз да ни даде знак што може да биде во секој момент. Исто не негирам дека се сретнавме со Лајнер пред некој ден во Милано и се наоѓаме во средина на добри преговори, -порача Де Лаурентис кој воедно го најави трансферот на Жоргињо во Манчестер Сити, но и воедно порача дека капитенот Хамшик може да си замине.