ОД НИВНАТА ЉУБОВ СЕ РОДИ ЈОВАНА: ДОКТОР ТРАЈЧЕ БЕШЕ РОДИТЕЛ НА ДВЕ ГОДИШНА ЌЕРКА (ФОТО)

1597
Пулмологот Трајче Нешковски (32) почина вчера попладне, откако претходно му се слошило и со автомобилот удрил во дрво на „Рузвелтова“.

Според неофицијални информации, Нешковски доживеал срцев удар по што изгубил контрола врз автомобилот.

На неговиот фејбук профил можеме да забележиме дека Трајче беше родител на прекрасната Јована, која неодамна наполни две години.

Тој често објавуваше фотографии заедно со сопругата Ема и ќерката Јована кои му биле целиот свет!

Тој со Брза помош беше пренесен на Ургентен центар, каде што починал, два часа го реанимирале, но лекарите не успеале да го спасат. Телото ќе биде предадено на обдукција.

Министерот за здравство, премиерот, министерот за внатрешни работи, генералниот секретар и други функционери и лекари се простуваат од Нешковски, пишувајќи дека изгубиле доктор и пријател кој дал многу во борбата со коронавирусот.

Доктор Трајче Нешковски имаше само 32 години.