Од денеска Градот Скопје и Хокеј Федерацијата на Македонија овозможуваат бесплатни часови по лизгање за почетници на лизгалиштето „ЕУ за тебе“ во рамките на новогодишната населба Винтерленд на плоштад „Македонија“.
– Оваа нова содржина во Винтерленд за љубителите на зимските спортови ќе се одвива секојдневно во два термини: од 11 часот претпладне и од 20 часот навечер. Бесплатните часови ќе бидат организирани за групи до 20 пријавени лица, на кои ќе им држат обуки двајца професионални инструктори. Заинтересираните за бесплатни часови по лизгање може да се пријавуваат секој работен ден во Информативниот центар на Град Скопје од 9 до 16 часот на телефонскиот број (02) 3297-255 – информираат од Град Скопје.
Новогодишната програма и „Винтерленд“ се финансиски поддржани од Делегацијата на Европската Унија која го обезбеди бесплатното лизгалиште „ЕУ за тебе“ како дел од новогодишната населба.