(Вознемирувачко видео) Хаосот на „Вембли“: Англиски навивачи шутирале момче, а тоа ги молело да престанат

481

По финалето на Европското првенство на „Вембли“ се појави едно вознемирувачко видео.

Истото настанало воочи финалето на континенталниот турнир меѓу репрезентациите на Италија и Англија.

Воочи натпреварот на лондонскиот стадион избила масовна тепачка што била само еден од хаосите на „Вембли“.

Ситуацијата се влошила кога неколку стотина навивачи без влезници посакале да влезат на стадион без карти, па го пробиле кордонот сочинет од редарите.

Во целиот тој хаос особено лошо поминало едно момче кое во пресметката на групата навивачи завршило на земја, по што останатите го шутирале по телото и главата.

„Немојте, ве молам“, викало момчето додека лежело на подот и ги примало ударите од навивачите.

На социјалните мрежи оваа снимка за кратко време била погледната од голем број на луѓе, а истата се впиша во работите кои ја згрозија јавноста по финалето на ЕВРО 2020.

Погледнете го видеото: