На првата официјална конференција на Талибанците за новинари, откако ја презедоа власта во Кабул, присуствуваше само една новинарка, а нејзиното храбро прашање го шокираше светот.
Шарлот Белис, новинарка на Ал Џезира со потекло од Нов Зеланд, се појавила пред Талибанците во вторникот, додека нејзиното бело лице и руса коса ѕиркале од марамата со која била покриена.
Искусната Шарлот била единствената жена новинарка на која ѝ било дозволено да присуствува на првата официјална конференција, а таа не сакала да ја пропушти шансата.
Во снимката од тензичниот настан, Шарлот изгледала доста смирено додека им се претставувала на новите владетели на Авганистан и поставила многу храбро прашање, пренесува Дејли Меил.
“Сакам да разговарам со вас за правата на жените и девојчињата, за тоа дали ќе им биде дозволено да работат, а на девојчињата да одат на училиште. Кои ветувања можете да им ги дадете на жените и девојчињата дека нивните права ќе бидат заштитени?”, праша Шарлот.
Забиула Мијахид, портпаролот на Талибанците ја уверувал новинарката дека исламскиот емират ќе им ги даде правата на жените соодветно со шеријатскиот закон.
“Гарантираме дека ќе ги имаат сите права соодветно шеријатот”, одговорил тој.
Шарлот поставила прашање кое илјадници Авганистанки си го поставуваат сами себе откако Талибанците стапија на власт.
Присуството на новинарката може да се сфати како трошка надеж за жените во земјата, како и тоа дека можеби нема да биде исто како порано.
Меѓутоа, најновите постапки на Талибанците покажуваат дека не се промениле многу кога станува збор за жените, откако се појавиле извештаи дека пукале во една жена бидејќи не носела бурка.











![[ВИДЕО/ФОТО] Нови спектакуларни снимки од Месечината и Млечниот Пат](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/04/Qmeo5-screenshot-4-218x150.png)


















