Американската актерка Александра Пол (58) била многу популарна во текот на 90-те години кога ја толкувала улогата на Стефани Колден во серијата „Baywatch“.
Американската актерка Александра Пол (58) била многу популарна во текот на 90-те години, а кариерата ја започнала како манекенка во Њујорк.
Во 1983 година таа ја добила првата филмска улога откако се преселила во Лос Анџелес. А, оттогаш таа се појавила во над 100 серии и филмови…

Улогата во серијата „Baywatch“ ѝ донела слава ширум светот, но и многу проблеми.
Имено, во 2011 година жената со име Никол Алберт пристигнала на нејзиниот имот и тоа било почеток на долгогодишното малтретирање и следење, пренесува порталот „TMZ“.
Повеќе пати актерката го пријавувала проблемот и во полиција, а 10-годишното малтретирање кулминирало кога Никол го удрила автомобилот на сопругот на Александра.

Судот пресудил и донел одлука дека Никол не смее да им се приближи на Александра и нејзиниот сопруг на помало растојание од 100 метри.
Освен со актерството Александра редовно се занимава со спорт, а позната е и по натпреварувања во трчање и пливање.
Венчана е за Ијан Мури, парот нема деца, а неколку пати зборувале за тоа и откриле дека тоа е нивна заедничка одлука.














![[ВИДЕО/ФОТО] Нови спектакуларни снимки од Месечината и Млечниот Пат](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/04/Qmeo5-screenshot-4-218x150.png)


















