Најголемите лажговци во зодијакот: Никако не треба да им верувате на овие хороскопски знаци!

0
62

Лав

Лавот сака да биде во центарот на вниманието и понекогаш се служи со лаги за да бидат рефлекторите вперени во него. Штом почувствува дека може да ја изгуби публиката, го фаќа паника и почнува да измислува разни приказни за да го задржи фокусот на себе.

Ако слушнете гласна личност во бар како раскажува дека возела Југо со брзина од 280 километри на час додека сексуално го задоволувале три русокоси, ќе знаете дека тоа е Лав.

Близнаци

Близнаците лажат без да трепнат. Без разлика дали имаат причина или не, тоа е едноставно посилно од нив. Ни самите не се сеќаваат што кому кажале, па често се заплеткуваат во својата мрежа на лаги и се издаваат.

Сепак, додека да сфатите дека ве излажале, ќе ве преплават со оправдувања, нормално, лажни. Исто така, не треба да им се доверувате, бидејќи не знаат да чуваат тајна. Тоа не е така затоа што се злонамерни, туку затоа што се толку зборлести што ненамерно ги откриваат тајните.

Риби

Рибите ретко кога лажат директно во очи, но знаат да ја кријат вистината, да премолчуваат клучни детали и да се служат со бели лаги, иако нештата се всушност црни како ноќ.

Тие живеат во свој измислен свет, така што не им е тешко за секунда да измислат приказна достојна за најдобриот бестселер. Многу добро умеат да им ги замачкаат очите на слушателите, бидејќи тие не кажуваат чисти лаги, туку такви што во нив има ронка вистина. Рибите се толку добри раскажувачи што нема ни да ви пречи што ве лажат. Додаваат многу детали и неретко и самите веруваат во своите шарени лаги.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here