“Новак прави сè за да ја добие наградата за идиот на годината”: Српскиот тенисер на удар на светските медиуми

277

Веста дека Новак Ѓоковиќ е позитивен на коронавирус одекна низ целата планета, а за краток временски рок најдобриот светски тенисер стана мета на светските медиуми.

Србинот доби еден тон навреди, иако се обиде само да им помогне на тенисерите од регионот да го поминат полесно тешкиот период.

“Новак Ѓоковиќ навистина прави импресивни обиди да ја добие наградата за идиот на 2020 година”, напиша британскиот новинар Чарлс Вотс.

Неговата колешка од “AFP”, Рајан Мусалем се прашува дали можеби Ноле плаќа за сето она што го правел во претходните месеци.

“Да се организира “Adria Tour” во овие околности е најнеодговорниот можен чин на еден врвен спортист во последно време. Не знам само како властите дозволиле да се случи вакво нешто”, напишала Мусалем на Твитер.

Има и такви кои го критикуваат однесувањето на тенисерот откако се дозна дека Григор Димитров има коронавирус.

“Сите во Хрватска се тестираа штом дознаа за Димитров. Сите освен семејството Ѓоковиќ. Тие се веројатно посебни, па одлучиле да го направат тестирањето во Србија. И сега што? Можеби пропратно заразиле некого. Неодговорно, недопустливо однесување”, гласи еден коментар на социјалните мрежи.