Од полноќ нови цени на горивата

246

Регулаторната комисија за енергетика вчера донесе одлука за новите цени на горивата кои веќе важат од полноќ.

Бензините поскапеа за половина односно за 1 денар по литар, дизелот поевтини за половина денар. 

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголеми за 0,50 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 11.03.2024 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 83,00 ден/лит.

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, се зголеми за 1,00 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 11.03.2024 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 85,50 ден/лит.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намали за 0,50 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 11.03.2024 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 76,00 ден/лит